Лавров му се заблагодари на Додик за ставот на РС за санкциите кон Русија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска му се заблагодари на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик за ставот на РС за санкциите кон Русија.

Лавров и Додик се сретнаа на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Предвидено е утре Додик да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

– Знам дека има многу во БиХ, кои сакаат да го уништат пријателството меѓу Република Српска и Русија. Се надевав на нашата средба во Белград, но знаете зошто, за жал, тоа не се случи, истакна Лавров на средбата со Додик.

Лавров минатата недела не го посети Белград, каде требаше да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со Додик, откако беше забранет прелет на неговиот авион преку соседните држави на Србија.

Додик наведе дека БиХ не вовела санкции кон Русија поради што „се лути Западот“, а српската страна е под силни притисоци поради тоа.

– Изложени сме на сериозни притисоци, особено за судирот во Украина. Од нас се бара да се приклучиме на санкциите против Русија, но Република Српска не го дозволува тоа, посочи Додик.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Плановите на Зеленски се движат од глупави до неуспешни

А1он

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Авионот на Сергеј Лавров има дозвола да прелета над Бугарија

Предраг Петровиќ

МНР ќе одлучува за доаѓањето на Лавров на самитот на ОБСЕ

Катерина Ѓуровски