Шолц, Макрон и Драги го посетија Ирпин

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги пристигнаа во Киев, во нивната прва посета од почетокот на руската инвазија.

Тројцата лидери таму ќе разговараат со украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошна поддршка за Украина и нејзината желба да стане членка на Европската унија. Лидерите на трите најголеми економии на Европската унија се убедливо најважната европска делегација што пристигнала во Украина од почетокот на војната.

Поради конфликтот воздушниот сообраќај над Украина е блокиран, па тројцата лидери од Полска со воз со девет вагони пристигнаа во Киев. Тие веднаш по полноќ тргнаа за Киев од полскиот град Пжемишл. Патувањето преку ноќ беше планирано со денови, но од безбедносни причини официјално не беше потврдено до неговото пристигнување во Киев.

Тројцата лидери го посетија Ирпин, градот кој беше освоен од руските трупи и каде беше уништен мостот преку кој беше спречена евакуација од Буча, местото во кое Рустие како што се тврди извршиле воени злосторств. Во Ирпин беа пронајдени 290 убиени цивили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Макрон: Француското нуклеарно оружје е можна тема во дебатата за одбранбениот систем на ЕУ

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски