Абеба Арагави од Шведска триумфираше во трката на 1.500 метри, на светското првенство во атлетика, во финишот успеа да ја совлада досегашната светска шампионка, Американката Џенифер Симпсон.
Шведската атлетичарка имаше време 4:02.67, а Американката имаше заостанување од 32 стотинки.
Бронзата и припадна на Хелен Онсандо Обири од Кенија.