Патријархот Порфириј му го врачи томосот на Архиепископот Македонски и Охридски Стефан

Од:

Патријархот Порфириј му го врачи томосот во Соборната црква во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан, со кој СПЦ ја признава автокефалноста на Македонската православна црква.

Пред да го предаде томосот, патријархот Порфириј рече дека се создадени услови Охридската архиепископија да има способност да биде самостојна црква.

Поглаварот на СПЦ рече дека црквата со тоа не се дели, туку заедно расте во љубов и хармонија.

Патријархот истакна и дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во Северна Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква.

Патријархот Порфириј препорача МПЦ сега да најде соодветно име.

Исто така, Патријархот Порфириј истакна дека црквата не може да биде оружје и дека не е оружје за постигнување други цели.

Порфириј нагласи и дека оваа одлука нема да влијае на другите канонски области на СПЦ, бидејќи, како што рече, условите во Северна Македонија се различни отколку во другите делови на СПЦ.

Соборот на СПЦ едногласно одлучи да и даде автокефалност на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

Во беседа пред верниците по литургијата во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, таа одлука ја потврди и српскиот патријарх Порфириј на 24 мај.

Одлуката за автокефалност дојде само неколку дена по Литургијата за помирување на двете цркви и помалку од седум дена откако Соборот го објави признавањето на најшироката автономија на Македонската православна црква – Охридската архиепископија (МПЦ-ОА).

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите