Воз во јужна Кина излета од шините, при што загина еден кондуктер, а осум лица се повредени, јави Си-Ен-Ен.
Возот излетал од шините во 10:30 часот по локално време, откако удрил во остатоци од лизгање на земјиштето што се наоѓале на пругата додека се приближувал до округот Ронгјанг во провинцијата Гуижоу.
#BREAKING One person was killed, and eight others were injured in a #D2809 high-speed train accident on Saturday in #Rongjiang County, southwest China's Guizhou Province. pic.twitter.com/ipUx2GQREC
— Ifeng News (@IFENG__official) June 4, 2022
Кондуктерот починал во болница, а повредени се еден вработен и седум патници. Останатите 136 патници се евакуирани, а истрагата е во тек.
Кинеската мрежа за брзи возови вклучува пруга во должина од 37.900 километри. Од 2011 година не е забележана поголема железничка несреќа.
Извор: МИА