Шефот на скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, во интервју за „А1он“ зборуваше до каде е откривањето на убијците кои ги извршија убиствата во Топанско Поле и Чаир, но и за разговорот што го имал со родителите на убиениот ракометар Денис Тот. Обвинителот откри и до кога може да се очекува обвинение за предметот наречен „Делчевски ниви“ за кој се одредени притвори и на управители на фирмата „ЕВН Електрани“, како и дали парите од продажбата навистина завршиле во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Бубевски одговараше дали неоткриените убијци се попрофесионални од полицијата, штом МВР не може да ги открие, за можните притисоци врз обвинители, кривичната пријава против него, но и против поранешниот специјален, а сега виш јавен обвинител Бурим Рустеми. Шефот на скопското обвинителство откри и каков е неговиот однос со шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска, како и дали знае кој ја напишал поднесената кривична пријава против него, а поради имотот на „Трасмет“, случај кој го застапуваше тој додека беше дел од СЈО, за кој има затворски казни.
Во скопското обвинителство и натаму се чуваат предмети во фиока, но се постапува, посочува Бубевски. Прашан за обвинителите: „Има сигурно што треба да бидат во вишото обвинителство, во обвинителството за организиран криминал и во републичко обвинителство“, а на прашање дали некој е за дома, тој одговори: „Веројатно и такви има“.
За „А1он“, Бубевски говореше и за поставениот „Луна парк“ спроти спортскиот центар „Борис Трајковски“ за кои Општина Карпош, Град Скопје и инспекторатите се прогласија за ненадлежни кога во прашње е дозволата за поставување и неговата безбедност. Одговори и дали ќе се почнува постапка и каква.
Погледнете го интервјуто на А1он.