ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не ги краде граѓаните, намалување на ДДВ на горивата на 5%

Од:

Ковачевски да не ги краде граѓаните, намалување на ДДВ на горивата на 5%. Ковачевски да не удира врз народот, тоа што СДСМ и ДУИ крадеа 5 години не треба сега да биде покривано од граѓаните преку плаќање на скапи горива порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– И во Германија се намалија даноците на горивата и до 30 евро центи, само во Македонија не. Намалувањето на ДДВ од 18% на 5% ќе влијае на намалување на цената на горивата и ќе спречи крах во транспортниот сектор, земјоделието и индустријата во целост. Високите цени нема да го наполнат буџетот, иако Ковачевски на тоа се надева, тие само ќе го осиромашат народот и ќе ја фрлат државата во сиромаштија. Очигледно е дека СДСМ не знае како да управува со државата, па својот криминал сака да го покрива со удар врз граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени избори час поскоро се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус