ВМРО-ДПМНЕ: За два дена заради Ковачевски цените на горивата се зголемија за 12 денари

Од:

За два дена заради Ковачевски цените на горивата се зголемија за 12 денари, го полни буџетот на грбот на народот велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Само пред два дена литар дизел се чинеше 86 денари, а од денес истиот е 97.5 денари, литар бензин пред два дена се продаваше по цена од 97 денари, а сега се продава за 109 денари. Тоа е зголемување за 12 денари за два дена. Ова зголемување само 10% е заради растот на цената на нафтата на светските берзи, додека 90% заради високата акциза на владата, која ја зголемуваа неколку пати од 2017 до денес. Сега нашите граѓани точат гориво како во Германија, но со македонски плати. По најавените намалувања на даноците за горивата, цените во Германија ќе бидат и пониски од тие во Македонија. Многу пати во минатото кога цената на нафтата на светските берзи се движела околу 140 долари за барел, цената на литар гориво во Македонија биле околу 75 денари, но тогаш не беше СДСМ на власт, а зголемувањето на акцизата за горивата не беше начин да се полни буџетот се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било