Голем број училишта во РС добиле закани за поставени бомби

Од:

Голем број училишта во Република Српска денеска се затворени откако синоќа добиле закани за поставени бомби.

Во пораката испратена по електронска пошта се наведува „Нашата мисија е да убиеме“ и „Сите ќе умрете“.

Министерството за внатрешни работи на РС потврди дека ги истражува сите закани, а пиротехничарите вршат претрес во училиштата до кои беа испратени закани.

Голем број училишта во Сараево минатата недела беа евакуирани поради слични закани. Сите закани беа лажни, а утврдено е само дека дојавите биле упатени од рускиот интернет домен, но експертите предупредуваат дека тоа не се доволни информации за какви било конечни заклучоци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Република Српска уапсени девет лица поради детска порнографија

Ана Ололовска

Додик патува за Москва, најави што ќе разговара со Путин

Ана Ололовска

Додик оди кај Путин

Ана Ололовска

Жестока кавга во БиХ, Додик се заканува со ескалација на ситуацијата

Ана Ололовска

Додик го навреди амбасадорот на САД: Станува збор за еден лигавец

Ана Ололовска

Додик: Сериозно размислуваме да донесеме одлука за независност на Република Српска

Ана Ололовска