Израел го потпиша првиот договор за слободна трговија со арапска земја

Од:

Израел и Обединетите Арапски Емирати по нормализирањето на дипломатските односи во 2020 година, денеска потпишаа договор за слободна трговија, прв од таков вид меѓу Израел и некоја арапска земја.

„Честитки“ на арапски јазик напиша во пораката објавена преку Твитер израелскиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Амир Хајек, објавувајќи и фотографија на претставници на Израел и на ОАЕ од церемонијата на потпишивањето на документот во Дубаи.

Емиратите се сојузник на САД и еден од потписниците на т.н. Авраам договори за нормализација на односите со Израел во 2020 година. Потписнички на договорот изготвен со посредништво на тогашниот американски претседател Доналд Трамп се уште и Бахреин и Мароко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“