Тетовчанец во Тирана пукал во девојката па се самоубил

Од:

Во хотел, во близина на германските вили во Тирана денеска трагично заврши љубовната врска меѓу двајца млади Албанци од Македонија и од Албанија.

Станува збор за македонскиот државјанин А. Е. од Тетово кој откако ја застрелал девојката А. С. (21) од Чоровода, се самоубил. Девојката добила лесни повреди и е надвор од животна опасност, додека момчето имало прострелна рана во главата и починало во болница.

Според првичните сознанија, трагедијата се случила во кафетеријата на хотелот. По расправијата која избила меѓу младата двојка, момчето извадило пиштол и пукало во Ана, а потоа си пукало во главата. Мотив за расправијата била љубомора.

Гостите во хотелот веднаш ја известиле полицијата и повикале брза помош, која како што јавуваат албанските медиуми, дошла со задоцнување.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски