Злато за Ирска по 30 години на Светкото првенство во атлетика

Од:

Роберт Хефернан од Република Ирска го освои златниот медал во трката на 50 километри брзо одење на Светското првенство што се одржува во Москва. По 30 години ова е прв златен медал за Ирска, откако првиот претходно на истиот ден 14.август 1983 година на првото Светско првенство го освои Имон Коглан.

Хефернан патеката ја мина за 3:37.56 часа, второто место му припадна на Русинот Михаил Ризов со време 3:38.58, а трет целта ја мина Џаред Талент од Австралија со време 3:40.03.

На шампионатот денеска ова беше единствената финална дисциплина, а попладнево натпреварувачите се слободни.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди