ВИДЕО: Касами ќе бара помош од Владата за штетите од невремето во Тетово

Од:

Градоначланикот на Тетово, Билал Касами ќе бара помош од Владата за санирање на штетите од поплавите во тетовски регион, пред се за обештетување на граѓаните. Тој по седницата на Крзиниот штаб попладнево рече дека во градот покрај прватни имоти се поплавени и институции како и училишта и градинки.

-Неадекватните инвестиции во делот на атмосферската канализација резултираа со тоа што повеќе од улиците, повеќе од булеварите и кружните текови беа блокирани и беа под вода. За жал, дел од таа вода отиде во подрумите на куќите, особено во делот кај Тетовчанка, Тетекс, и во целото градско подрачје кое е во долниот дел на градот. Исто така беа поплавени некои од јавните институции, училишта и градинки. Од утрово сум на терен со противпожарната и спасителна екипа во рамките на Општина Тетово каде интервениравме и дел од проблемите ги решаваме во од. Во ситуацијата интервенираме и за испумпување на водата од подрумите на граѓаните, изјави Касами.

Кризниот штаб донесе и повеќе заклучоци според кои ќе се бара помош од Владата за надоместување на штетите, чистење на речните корита, како и помош и од град Скопје за чистење на улиците.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски