Уништени овошки, пробиени покриви на куќи, оштетени автомобили – силно невреме го зафати Лозово

Од:

Силно невреме со дожд град поголем од орев синоќа го зафати Лозово. Градот ги уништи земјоделските насади во општината во која граѓаните егистираат од земјоделието, објави градоначалникот, Бошко Цветковски.

„Земјоделието е единственото нешто од што егзистираат граѓаните на Лозово. 100 посто уништено. Уништени жита, тутуни, лозја, овоштарници, возила, пластеници… Се’!“, се вели во бојавата на Цветсковски на социјалните мрежи.

За утре најави одржување на вонредна средница на Советот, на која ќе се формира Комисија за проценка на штети.

„Штетата е огромна посебно на овошките, лозовите насади и пластениците, кои буквално се столчени од силното невреме со големите зрна град поголеми од орев“, додаде Цветковски.

Од силниот град пробиени се и некои од покривите на куќите, а оштетен е и возниот парк на Општина Лозово.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија