Вознемирувачка сцена се случила вчера во Нов Белград во блокот 72, кога непознат млад човек сред бел ден и пришол на жена на улица, го погалил нејзиното куче, а потоа насилно почнал да го вади ланчето од вратот, при што и го скршил забот.
Како што може да се види на видеото од социјалните мрежи, постар господин кој бил во близина се обидел да ја одбрани нападнатата жена од крадецот, но не успеал, па напаѓачот со ланчето во рацете истрчал во непознат правец, додека жената трауматизирана останала да лежи на земја.
Реакции на неверување и овој пат не изостанаа, откако во Белград пред сите се случуваат тепачки и кражби.
„Колку треба да си мизерен за да нападнеш беспомошна стара жена..Оди работи нешто несреќо, ти си во најдобри години.. Мизерен ти е животот“, „Болест која не се лекува со отслужување затворска казна“, се само дел од коментарите под вознемирувачкото видео.