Иако филмската кариера на Џони Деп несомнено страдаше во последните неколку години поради обвинувањата на Амбер Херд, не сите се откажаа од соработката со славниот актер. Деп сè уште е заштитно лице на парфемот „Dior Sauvage“.
Еден корисник на Твитер пријавил дека шишенце од тој парфем, кој чини 160 долари, се продава на секои три секунди. Корисникот во објавата додаде: „Тоа е над 4,5 милиони долари дневно од продажба“.
Џони Деп соработува со Диор од 2015 година. Од компанијата велат дека го избрале за заштитно лице на првиот нов мирис што го објавиле по 10 години поради неговата „уникатна и автентична харизма, тетовирани раце и рокерски ракавици“.
Во коментарите на последната реклама, која Деп ја сними за „Sauvage“ во 2021 година, луѓето го поддржаа фактот дека Диор, за разлика од Дизни, не се откажал од соработката со Деп.
Despite most labels dropping Johnny Depp, @Dior decided to stick with him.
Why?
They sell a bottle of his fragrance 'Sauvage' every 3 seconds. At $160 a bottle, that's over $4.5 million a day in sales ? pic.twitter.com/CWzPMUlDpW
— John Pompliano (@JohnPompliano) May 24, 2022
„Ова е веројатно најпаметниот потег на Диор во последните 10 години“, „Диор е една од ретките компании што продолжи да работи со него. Го купувам Sauvage само поради тоа“, „Го купив овој парфем за прв пат, само поради Џони. Благодарам.” Диор, кој продолжува да соработува со него”, се само дел од пофалните коментари.