Џони Деп пронајден онесвестен во хотелска соба во Будимпешта

Од:

Бендот на Деп „Hollywood Vampires“ во последен момент го откажал настапот во Будимпешта, а според полицискиот извештај актерот се онесвестил, па морале да се јават на лекар. Салата била преполна со луѓе, а многу фанови патувале стотици километри за да го гледаат шоуто, но Деп наводно бил во толку лоша состојба што не можел да стигне ни на сцената.

„Се беше подготвено, бината беше поставена, екипата зад бината беше подготвена за забавата. Никој не мислеше дека може да има проблеми, особено што членовите на бендот ја одработија звучната проба која беше закажана за попладне“, изјави организаторот.

Очигледно познатиот актер бил премногу возбуден и се онесвестил. Иако многу фанови беа изненадени од ситуацијата и загрижени за неговото здравје, некои од нив веруваат дека Деп испил премногу алкохол пред настапот. Имено, некои обожаватели го виделе како пие на улица неколку часа пред почетокот на концертот.

Ова не е прв пат турнејата Hollywood Vampires да се соочи со здравствените проблеми на познатиот актер. Имено, во јуни мораа да откажат некои настапи во САД бидејќи Деп ја повреди ногата, но сепак планираат да ја завршат турнејата до крајот на месецот.

Би можело да ве интересира

Џони Деп e лут на Холивуд: „Ме фрливте во корпа за отпадоци“

Горан Наумовски

Заврши судењето на деценијата: Амбер Херд му плати на Џони отштета

Горан Наумовски

Џони Деп во улога на Луј Петнаесетти

Џони Деп се појави на „Ем-ти-ви“ наградите како астронаут

Џони Деп за три часа заработи 3,5 милиони долари со продажба на слики

Судијата го одби барањето на Амбер Херд за поништување на судењето за клевета