Шарена географија

Од:

Секој, ама буквално секој град во светов почнува со железничка станица, има до неа хотел и парк со проститутки. Оттаму накај градот води права улица, па затоа што градот има и река па треба да се помине и мост.

За да нема забуни ќе се обидам да бидам попрецизен. Во секој град местото каде што се наоѓа железничката станица е периферија на градот. Тоа што е периферија не мора да значи дека не треба местото да биде и уредено, вклучувајќи тука и хортикултура. Се ми се чини дека Скопје е единствениот град на светов каде што железничката станица е во Центарот на градот. Овој пат зборувам за Скопје, градот со двете најубави железнички станици во Европа, барем така беше замислена новата. Сепак поентите се некаде кај старата, мислата ми е пред Бристол. Да бе, да ние од ОТПОРОВ, од уличари сами себе се престоривме во проститутки. Знаете, кога таа станица била во функција, а работел и хотелот Бристол, сите се сеќаваме кој навечер дремел пред порти и чекал муштерии. Нејсе, ај на тоа отпорот ќе се навратам подоцна или пак можеби другпат.

Ако Скопје е град во кој секој понеделник се слева повеќе од пола држава (Републка Македонија), а од железничката станица, преку широката и долга улица власта, ДПМНЕ неможе да стгне ни до мостот, а не па да успее да го помине, недајбоже да има контрола таму каде што навистина почнува градот, мислам дека Ви е јасно за која и каква држава зборуваме. Баш така драги мои, со Република Македонија владее ДУИ, а не ДПМНЕ. Токму затоа и ги истоварија сите споменици од оваа страна на Вардар. Додуше за волја на вистината успееаа Филип и Олимпија да ги стават преку мост. И ТОЛКУ. До таму владее ДПМНЕ, не заради тоа што ако се потруди неможе туку, затоа што така сака фамилијата. Им се може.

И ? Што правиме ние сега од т.н ОТПОР ??? СДСМ според интервјуата на претседателот и еден од потпретседателите е подготвен за избори, ако треба уште утре. Ајде бе, да не си прават малку бајрам со умот? ДПМНЕ и на наредните избори има забетонирани 500.000 гласа. Кога и како СДСМ ке собере еден глас повеќе мене навистина не ми е јасно.

Токму затоа драги мои, додека ДПМНЕ си реди споменици од својата страна, СДСМ си игра со самонаречени ПАРКОБРАНИ. Дајте бре побогу ако толку ви се спие во шатор одете некаде на летување во камп.

Пробај сети се, ако има железничка станица и се што следува со неа како изгледа твојот град пријателе, потоа, лесно, многу лесно ќе го средиме Скопје.

Имав уште што да пишувам ама во духот на самоцензурата што ни е наметната од опозициските пратеници еве СКРАТИВ. За општина Центар, сосе Капиштец, пероните, влеча и зградите каде што би требало да живеат железничарите ќе пишувам наскоро.

Александар Величковски – правник

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска