Рајанер очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто

Од:

Директорот на ирската нискобуџетна авиокомпанија Рајанер (Ryanair), Мајкл О’Лири изјави дека очекува пополнетоста на авионите да биде на ниво пред пандемијата со Ковид-19.

Во април пополнетоста на авионите изнесуваше 91 отсто, а О’Лири очекува во тековниот месец да се искачи на 92 процента, а во периодот од јуни до август да изнесува од 94 до 95 отсто.

Според него, најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија во мај ќе има повеќе од 15 милиони превезени патници, додека нивниот број во април изнесуваше 14,24 милиони патници. Додека во истиот период минатата година беа превезени 1,04 милиони патници.

„О’Лири наведе дека изминатите недели се зголемува бројот на резервации, пред сè за патувања во Португалија, Шпанија, Балеарските Острови, Канарските Острови, Италија и во Грција.

– Доколку нема неповолни вести од Украина, врвот на овогодишната летна сезона ќе биде многу, многу добар, посочи О’Лири.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион на Рајанер во борба со невремето, не успеа да слета

Повторно штрајк на вработените во авиокомпанијата Рајанер во Белгија

А1он

Рајанер: Евтини билети од 10 евра нема да има поради скапото гориво

А1он

„Рајанер“ предупредува на зголемени цени и веројатно доцнења на летовите во текот на летото

Ана Ололовска

„Рајанер“ ги зголеми проценките за превоз на патници во наредните години

А1он