Столтенберг: Војната во Украина е доказ дека бизнисот со Русија и Кина е ризичен

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека војната во Украина е доказ дека бизнисот со авторитарните власти на Русија или Кина претставува ризик за безбедноста на Западот.

Столтенберг рече дека слободната трговија донесе просперитет, но дека има цена „бидејќи дел од оваа трговија, дел од економската интеракција со авторитарните режими ја поткопува нашата безбедност“.

Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Столтенберг додаде дека е погрешна идејата дека Европа може да купува гас од Русија колку што сака.

– Тоа е опасно. Купувањето и дава на Русија алатки за заплашување и употреба против нас и тоа сега е јасно, рече тој.

Столтенберг предупреди на какво било прекумерно потпирање на суровини или напредна технологија или дозволување странска контрола врз националната инфраструктура, како што се мрежите 5G.

– Овде се работи за Русија. Но и за Кина. Уште еден авторитарен режим кој не ги дели нашите вредности. И кој го поткопува меѓународниот поредок заснован на правила, заклучи тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород