Во Соборниот храм заедничка литугрија на поглаварите на македонската и на српската црква

Од:

Архиепископот Стефан и патријархот Порфириј по само неколку дена одржуваат втора заедничка литургија. Денеска во Соборниот храм во Скопје ќе има заедничко чествување на сесловенските просветлители Кирил и Методиј.

Поглаварот на Српската православна црква вчера во попладневните часови пристигна во Скопје. Во делегацијата на СПЦ се и Митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, Епископот сремски Василиј, Епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид. Делегацијата на СПЦ беше пречекана од Архиепископот г.г. Стефан и Митрополитот Тимотеј.

Со литургијата што минатата недела се одржа во Белград беше означен крај на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

СПЦ вчера го заврши мајскиот Сабор, но во соопштението немаше детали за евентуалната промена на статусот на МПЦ.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите