Делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, Српскиот Патријарх г. г. Порфириј ќе претстојува во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од 23 до 24 мај, извести МПЦ.
– На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија, соопшти МПЦ.
– Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество, се додава во соопштението на МПЦ.