Град Скопје: Јанчева може да се пофали само со јадење бифтеци и трошење на народните пари

Од:

Петре Шилегов целиот свој мандат го мина со навреди кон граѓаните, невидена ароганција и расправии со пожарникарите. За шест месеци, градоначалничката Арсовска и Град Скопје инвестираа во човечкиот и инфраструктурниот потенцијал на противпожарната бригада колку што за четири години не направил ниту еден претходен градоначалник, реагираат од Град Скопје по прес конференцијата на советничката Љубица Јанчева која обвини дека градоначалничката Арсовска бега од одговори за многу проблеми.

Кога станува збор за неодговорноста и неспособноста да не заборавиме додека Скопје го живееше 80 часовниот карантин, а населбите Жданец, Нерези и Трндол во среде пандемија остана без вода за пиење поради неспособното раководство на скопски Водовод поставено токму од Шилегов.

Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева треба да одговори на јавноста колку седници на советнички прашања одржа како претседател на Совет и на колку од нив присуствувал Петре Шилегов и колку пати Љубица Јанчева го прекршила Деловникот за работа на Советот?

Срамно е кога советничката Љубица Јанчева говори дека Градот Скопје и градоначалничката Арсовска не реализираат ништо, кога и самата во Советот ги гласа одлуките за реализација на проектите и програмите кои се во интерес на граѓаните.

Советничката од СДСМ Љубица Јанчева изгледа очајно кога зборува за успешност, кога претходното градско раководство може да се пофали само со јадење бифтеци и трошење на народните пари.

Граѓаните на Скопје јасно се изјаснија кој е недомаќин и најнеуспешен градоначалник и кој сакаат да го води Градот, пишува во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски