Јанчева: Аросвска бега од медиумите, се плаши да не ја прашаат за бројните проблеми во Скопје

Од:

Град Скопје годинава денот на пожарникарите го одбележа за првпат без присуство на медиумите и затворен за јавноста. Очигледно дека градоначалничката Данела Арсовска не сака да се соочи со новинарите, па освен што не доаѓа на седници на Совет, освен што не одговора на прашања, сега почна да одржува и настани без да ги покани медиумите рече на прес конференција координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје Љубица Јанчева.

– Дали овој потег на Арсовска се должи на нејзиниот страв новинарите да не постават прашање зошто шест месеци бригадата за противпожарна заштита е оставена без договор за сервисирање на противпожарните возила? Дали тие возила ќе бидат функционални и безбедни во пресрет на сезоната на пожари? Дали Арсовска се плаши од прашањето зошто два дена 100.000 граѓани од Драчево и околните места се без вода за пиење?Освен што ништо не работи, Арсовска се крие и бега од новинарите и јавноста, тоа е недозволиво за еден градоначалник на главниот град на државата. Шест месеци беа доволни да се докаже дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје вели Јанчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски