СДСМ: Судска пресуда за рушењето на „Космос“, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

Од:

Денешната судска пресуда за предметот „ТНТ“ за одмазничкото рушење на „Космос“ уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија. Во случајот, на затворски казни се осудени веќе докажаните криминалци и повеќекратни осуденици, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски велат од СДСМ.

– Пресуда по пресуда се потврдуваат сите индиции за сторени тешки криминали кои беа објавени преку проектот „Вистината за Македонија“, се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиески негов најревносен извршител. Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник по енергетика а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој Мицкоски го инсталираше во фотелјата во Белиот дворец. Затоа Мицкоски до ден денес, ниту го има осудено криминалот на ВМРО-ДПМНЕ ниту се извинил, напротив, тој со сета сила ги брани криминалците во своите редови. Мицкоски денес во белиот дворец е опкружен со луѓе од режимот, со личности против кои се водат судски процеси, а партијата му ја раководи Груевски од Будимпешта. ВМРО-ДПМНЕ денес е истата непроменета криминално – режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски