Стоилковски: Нема терапија за заболени од карцином, тендерот не е по мерка на ДУИ СДСМ?

Од:

Власта на СДСМ и ДУИ повторно ги доведува животите на пациентите во опасност, овој пат пациентите со карцином. Неодговорноста на СДСМ и ДУИ веќе цел месец ги остави без терапија пациентите со колоректален, оваријален и цервикален карцином. За појаснување, биолошката терапија за пациентите болни од карцином е од животно значење за нив, а оставањето без терапија е животно загрозувачки рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Во ризик се доведуваат и пациентите со рак на бели дробови, рак на бубрег и рак на дојка, за коишто резервите на терапија ги има само за кус период од неколку месеци. Терапија нема затоа што Власта на СДСМ и ДУИ, Министерството за здравство и Беким Сали не извршиле и не прават набавка. Потребно е најитно решавање на проблемот со тендерот за набавка на биолошка терапија. Можеби овој тендер не е по мерката на СДСМ и ДУИ, но тој е неопходен за животот на многу пациенти. Со секој поминат ден без решена набавка на биолошка терапија за различни видови карцином, СДСМ и ДУИ на душа носат десетици човечки судбини се директно одговорни за последиците рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО