Крај на мај, а времето е како да сме есен. И денеска, доколку излегувате, задолжително со себе понесете чадор и облечете се соодветно. Повторно ќе имаме променливо време со повремен локален дожд, особено во северните делови од земјава.
Нема да изостанат грмежите, а ќе дува слаб доумерен западен ветер. Температурата денеска ќе се движи од 13 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб доумерен западен ветер. Температурата во главниот град ќе достигне до 20 Целзиусови степени.