Финската премиерка демантира дека земјата не сака НАТО бази на своја територија

Од:

Финската премиерка Сана Марин на Твитер демантираше дека изјавила дека земјата на своја територија не сака воени бази на НАТО ниту нуклеарно оружје.

„Ројтерс повторно погрешно ги пренесе моите коментари. Не ја затворивме вратата за идните решенија во врска со членството во НАТО, но реков дека Финска сега се фокусира на преговорите за членство. Побаравме од Ројтерс корекција“, рече Марин.

Претходно Ројтерс извести, а пренесоа огромен број медиуми, дека доколку стане членка на НАТО, Финска не сака да распореди нуклеарно оружје или да постави воени бази на својата територија, повикувајќи се на изјава на Марин.

– Сметам дека сега е важно да се биде смирен. Важно е да имаме дискусии со Турција и останатите членки, да одговориме на прашања, што може да произлезат и да го поправиме секое несогласување, изјави претходно Марин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година