Ердоган останува против влезот на Финска и на Шведска во НАТО

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за државната телевизија ТРТ истакна дека и понатаму е против членство на Финска и на Шведска во НАТО.

– Им кажавме на лидерите на НАТО дека ќе кажеме не на апликациите на Финска и на Шведска. И тоа продолжува да биде наш став, посочи Ердоган.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во Алијансата, но Турција вчера го блокираше почетокот на пристапните преговори со двете скандинавски земји во Советот на НАТО, поради нивната поддршка на забранетата Курдистанска работничка партија и курдската милиција Единици за народна одбрана во Сирија.

Вашингтон изрази уверување дека двете држави ќе бидат примени во Северноатлантската алијанса, а во текот на денот американскиот претседател Џо Бајден ќе оствари средба со шведскиот премиер и финскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген