ВИДЕО: Архиепискотот Стефан се надева на нова добра вест за македонската црква наскоро

Од:

Поглаварите на СПЦ и на МПЦ-ОА денеска во храмот „Свети Сава“ одржаа заедничката богослужба во присуство на владиците од двете цркви. Раната која более цели 55 години е излекувана порача Поглаварот на СПЦ патријархот Порфирије. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан изрази надеж дека деновиве ќе биде и радосната вест за афтокефалност на МПЦ-ОА.

– Имамвме раскол кој траше 55 години, таа рана беше длабока и болеше. Легнуваме и станувавме со мислата како таа рана да се зацели. Рана на телото христво не може да бие излечена само со нашата сила и волја. Раната е зацелана и тоа е чудо божје. Разбравме дека раната е направена со нашите постапки и затоа се обравиме до бога и до сите светци за да го направат она што нам не ни одеше од рака. И се случи чудо неочекувано. Браќа, нашата радост денеска е неизмерна. Сега сме едно. Одзивот на сите верници од Србија и од Македонија е доказ дека срцето ни чука во христовиот ритам“ – порача по литургијата поглаварот на српската црква партјархот Прфирије.

Архиепискотот г.г. Стефан рече дека дошлов време да завршат страдањата на православниот македонски народ и на Охридската Архиепископија.

– Благодариме на Бога што наидовме на братољубие кај неговата светос Порфириј кој само по неколку дена донесоа по Вселенската патријаршија донесе одлука за воспотавување канонско единство меѓу нашите цркви. Го покажавме заедништвото во најсветото, покажавме дека само заедно и како едно во ерата и го потврдивме единството меѓу нашите две цркви и со тоа со сите други православни цркви. Веуваме дека уште деновиве ќе доживееме полна радост, одлука од ваша страна. Знаеме дека сте подготвени повеедецениската тага да се претвори во радост порача г.г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Предраг Петровиќ

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите