Грција ја поздравува одлуката на Шведска и Финска за членство во НАТО

Од:

Грција ја поздравува историската одлука на Финска и Шведска да аплицираат за членство во НАТО, соопштија утрово од грчкото МНР, изразувајќи надеж дека брзо ќе заврши процесот на пристапување, јави дописничката на МИА од Атина.

-Интеграцијата на два дополнителни европски партнери кои имаат длабоко вкоренети демократски традиции и почитување на меѓународното право, во семејството на НАТО дополнително ќе ја зајакне колективната безбедност на Европа, нашето единство и консолидацијата на заедничките вредности. Се надеваме на брзо завршување на процесот на пристапување и очекуваме да работиме со двете земји како нови сојузници на НАТО, соопштија од грчкото МНР.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски

Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски