Литургијата на помирување, која ја служат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски Стефан со архиепископите на двете цркви, се одржа во храмот Свети Сава во Белград.
Со литургијата, по 55 години раскол, македонската црква е вратена во литургиско и канонско единство со СПЦ.
Српската православна црква (СПЦ) претходно најави дека со литургијата на помирување повторно ќе се воспостави литургиско и канонско заедништво на двете сестрински цркви, согласно одлуката на Собранието на СПЦ.