ФОТО: Најубавите атлетичарки во Москва

Од:

На Светското првенство во атлетика во Москва големо внимание привлече Дарија Клишина, и тоа не само затоа што беше домашна натпреварувачка, туку и поради сво­јот изглед.

klisina (2)

Клишина ја сметаат за една од најубавите спортистки на светот и овојпат брoјните фотоапарати беа насочени кон Русинката, која, покрај тоа што се натпреварува во скок во далечина, за живот заработува и како модел.

Дваесет и двегодишната атлетичарка е актуелна европ­ска шампионка во сала во својата дисциплина, но на Мун­дијалот во Москва не се прослави. Скокна 6,76 метри, што беше доволно само за седмото место. Нејзиниот нај­добар резултат во кариерата изнесува 7,05 метри.

Секако една од поубавите на ова првенство е и Србинката Ивана Шпановиќ која се прослави со национален рекорд и бронза во истата дисциплина со скок од 6,82 метри.

spanovic profil

401529178

Ана Чичерова, домашната миленичка која секако ќе го напаѓа златото во скок во височина.

cicerova

Тука е уште една Русинка, 31-годишната светска рекордерка и двојна олимписка и светска шампионка во скок со стап, Јелена Исинбајева.

isinbajeva

Хана Енгланд, ја претставува Велика Британија на 1500 метри.

england

Алисон Феликс, можеби најуспешната американска атлетичарка на сите времиња, има 4 олимписки и 8 светски трофеи, нејзината дисциплина е 200 метри, но трча и на штафетите 4х100 и 4х400.

felix

Фабиана Мурер од Бразил, актуелна светска шампионка во скок со стап.

murer

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди