СДСМ: Историското покачување од 21 отсто на платите во образованието го збуни Мицкоски

Од:

„Со постигнатиот договор платите во образованието ќе се зголемат за 15 отсто што е рекордно зголемување на платите во овој сектор. Претходно, во три наврати СДСМ ги зголеми платите за вкупно 21 отсто, со што кумулативно, за само пет години платите во образованието ќе пораснат за 36 отсто“, реагираше СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

„Ваквото рекордно покачување и постигнатиот договор со СОНК, го збуни Христијан Мицкоски, па тој денеска вели дека сето ова било минимално покачување.

Ова е лицемерна изјава на Мицкоски, особено ако се знае дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието се заголемија за едвај четири отсто.

Покачувањето на платите беше договорено со Синдикатот низ социјален дијалог и срамно е тврдењето Мицкоски дека Владата или која било друга институција ги понижувала и навредувала наставниците и професорите.

Понижување и навреда за нивната благородна професија е односот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, кој 11 години ги уценуваше и малтретираше наставниците, го потценуваше нивниот труд.

Понижување и навреда се блокадите на ВМРО-ДПМНЕ на законското решение кое обезбедува трајно врбаотување за 4.700 наставници и стручни соработници во основните и средните училишта.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која се служеше со притисоци и закани кон наставниците, СДСМ низ дијалог обезбедува повисоки плати и подобри услови за работа на наставниот кадар.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ освен да блокираат и шират лажни вести, ништо друго не знаат“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он