Заедничка литургија на поглаварите на македонската и на српската црква в четврток во Белград

Од:

Поглаварот на МПЦ – ОА архиепископот г.г. Стефан и поглаварот на Српската православна црква патријархот Порфириј в четврток во хрaмот Свети Сава во Белград ќе одржат заедничка литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сестрински цркви“ објави СПЦ на официјалната страница.

„Со благодарност кон Господа и со радост ја известуваме сета полнота на Светата Црква дека Неговата Светост Српскиот патријарх г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г. Стефан, заедно со сослужување на сите архиереи на СПЦ и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во четврток, на 19 мај 2022 година, ќе служат света архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Сава во Белград, со која ќе се воспостави литургиско и канонско општење на двете сестрински цркви, во рамки на одлуката на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква“ стои во објавата од Српската православна црква.

Ова доаѓа откако вчера СПЦ на Саборот соопшти дека го обновува канонското единство со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и го прифаќа статусот на најширока можна автономија со целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите