Финскиот парламент се изјасни за влез во НАТО

Од:

Финскиот парламент гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

На крајот на дводневната собраниска седница предлог-апликацијата за пристапување беше усвоена со 188 гласа „за“. Тоа е историска промена во финската одбранбена политика предизвикана од руската инвазија на Украина.

Финската извршна власт, претседателот Саули Ниинисто и владата одлучија Финска да испрати барање за влез во Северноатлантската алијанса, под услов тоа да биде прифатено од законодавниот дом и парламентот.

Би можело да ве интересира

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио