Рено продаде удел во рускиот АвтоВАЗ за една рубља

Од:

Францускиот производител на автомобили Рено продаде удел во рускиот АвтоВАЗ, производителот најпознат по автомобилите Лада, за симболична сума од една рубља, пишува Њујорк Тајмс.

Фабриката на Рено во Москва ќе биде префрлена во градска сопственост и ќе се обнови производството на автомобили Москвич, а планирано е и производство на електрични автомобили, напиша на својот блог градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

„Странскиот сопственик одлучи да ја затвори фабриката на Рено во Москва. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме илјадници работници да останат без работа. Затоа решив да ја преместам фабриката во градот и да продолжам со работа. Ќе произведуваме автомобили под историски бренд Москвич“, рече Собјанин.

Тој најави дека градските власти ќе се обидат да задржат поголем дел од персоналот во фабриката Рено и поврзаните компании. Според него, во првата фаза ќе се организира производство на класични патнички автомобили, а во иднина и електрични автомобили.

„Покрај тоа, заедно со КАМАЗ и Министерството за индустрија и трговија работиме на локализирање на производството на максимален број делови во Русија“, додаде московскиот градоначалник.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

Орце Костов

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија