Објавена листа на најдобро рангираните 100 доктори за месец мај

Од:

Соња Бојаџиева од Унивезитетската клиника за детски болести, Благица Илиеска од Општата болница – Прилеп и Ацо Димов од Клиниката за детска хирургија ја предводат Листата на најдобро рангираните 100 доктори за месец мај оваа година на Министерството за здравство.

На листата се доктори кои ги исполнуваат соодветните критериуми за наградување според системот за плаќање по успешност, со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на јавните здравствени установи.

Меѓу првите 10 најдобро рангирање се и Наташа Јаковљевиќ од Универзитетската клиника за дерматологија, Мире Петковски од Специјална болница  за белодробни заболувања и туберкулоза – Јасеново, Мара Петревска од Универзитетски стоматолошки клинички центар, Катарина Ставриќ од Универзитетската клиника за детски болести, Лазар Тодоровиќ од Универзитестаката клиника за детска хирургија, Ленче Бојаџиевска од Универзитетски стоматолошки клинички центар и Слободан Дамјановски од Универзитетската клиника за неврохирургија.

najdobri_10MAJ

– Станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец мај од секундарно и терциерно ниво, кои се движечка сила во своите институции. Сите наградени доктори стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Тие добиваат посебно признание и паричен надоместок во висина од нето плата, во која се вклучени сите додатоци на плата на здравствениот работник (двојна плата) за месецот за кој постигнал најдобар резултат. Најдобро рангираните доктори ќе имаат и право на дополнителна дејност во матичната институција каде работат и во останатите јавни здравствени установи.

Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во месецот мај, бројот на извршени интервенции, типот и видот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично. Во прилог на соопштението е комплетната листа на најдобро рангираните доктори од јавните здравствени установи во државата за месец мај (по азбучен редослед). Листата на најдобро рангирани доктори-специјалисти за месец мај е објавена на веб страницата на Министерството за здравство www.moh.gov.mk.

prvi_23-500 prvi_45-500prvi_70-500 prvi_100-500

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем