Седум држави формираат заеднички систем за размена на податоци затворен за Русија и за Кина

Од:

САД, Јапонија, Канада, Јужна Кореја, Тајван, Филипини и Сингапур се согласија да воспостават заеднички систем за размена на податоци, вклучително и лични податоци, што ќе биде затворен за Кина и Русија.

Според јапонскиот деловен весник Никеи, се очекува да ги замени релевантните структури на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APIS), во кој учествуваат Кина и Русија. Во иднина, некои земји кои не се членки на АТИС, вклучувајќи ги Бразил и Влика Британија, ќе бидат поканети да се приклучат на овој систем за размена на информации. Планирано е да се формира структура за пренос на голем обем на различни информации, вклучително и економски податоци, споредливи по обем со соодветниот механизам во Европската унија. Овој систем се очекува да се користи за понатамошно проширување на мрежите за е-трговија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета