Германија: Сè е подготвено за брза ратификација на членството на Финска и на Шведска во НАТО

Од:

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Берлин ги презел сите подготовки за брз процес на ратификација ако Финска и Шведска се одлучат да поднесат барање за членство во НАТО.

– Ако се одлучат да се придружат, можат брзо да се придружат … Мораме да се погрижиме да им дадеме безбедносни гаранции, не смее да има преоден период, сици зони, во кои нивниот статус би бил нејасен, истакна Баербок.

– Таа истакна дека синоќа министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО на неформалниот состанок во Берлин се согласиле дека не треба да има сиви зони помеѓу пријавата и придружувањето.

– Периодот на ратификација може да потрае и до една година, време кога нордиските земји сè уште не можат да бидат заштитени со членот пет – напад врз еден сојузник е напад врз сите земји-членки на Алијансата.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било