Кристин Охурогу од Велика Британијаго освои златниот медал на трката на 400 метри на Светското првенство во Москва.
Таа славеше во драматична завршница во која одлучуваше фотофинишот и по која со сребрениот медал мораше да се задоволи фаворитката Амантле Монтшо од Боцвана.
Охурогу истрча до златото со резултат 49,41, кој е и нов британски рекорд. Антонина Кривопашка од Русија го освои бронзениот медал.