Хабек: Германија е подготвена за руските санкции

Од:

Германија е подготвена за руските санкции во енергетскиот сектор што вчера ги објави Кремљ, изјави германскиот министер за економија, Роберт Хабек пред Долниот дом на германскиот Парламент (Бундестаг).

– Пазарот ќе обезбеди алтернативни извори на енергија за да го надомести секој недостаток предизвикан од помалите испораки на гас од Русија, истакна Хабек.

Тој додаде дека проширувањето на обновливите извори на енергија сега е предуслов за идната безбедност на Германија.

Русија синоќа најави санкции против 31 западна компанија, меѓу кои и енергетската компанија „Газпром Германија“, која од почетокот на април е под раководство на Федералната агенција за мрежен транспорт.

Москва воведе санкции против компании од Европската унија, САД и Сингапур, како одговор на санкциите што и беа наметнати од Западот поради воената инвазија на Украина.

На списокот има 31 компанија, од кои повеќето припаѓаат на „Газпром Германија“, германска филијала на рускиот гигант.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски