Министри од Г7 во Германија ќе разговараат за последици од војната во Украина

Од:

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок денеска ќе се консултира со своите колеги од групата индустриски најразвиени земји Г7 за глобалните последици од руската војна против Украина, јави ДПА.

Бербок ќе ги прими министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД, во хотелски комплекс на Балтичко Море во Шлезвиг-Холштајн. Во план е и работна вечера.

Германското Министерство за надворешни работи информира дека ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Украина и Молдавија, Дмитро Кулеба и Нику Попеску.

Предвидено е министрите да дискутираат за енергијата, безбедноста на храната и други аспекти од војната, но и да се свртат кон релациите со Кина, како и кон ситуацијата во Индо-Пацификот.

На агендата се и ситуацијата во Авганистан, Африка и Блискиот Исток, како и заедничката борба против климатската криза и пандемијата од коронавирусот.

Германија во моментов претседава со групата Г7. Самитот на Г7 ќе се одржи од 26 до 28 јуни во Баварија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голема евакуација во Оснабрик, копајќи темели за нова зграда пронајдени се бомби од Втората светска војна

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан