Русија би можела да доминира во дел на Црното Море објави британското разузнавање

Од:

Русија би можела да доминира во северозападниот дел на Црното Море, доколку ја зајакне својата позиција на Змискиот Остров, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Во својот редовен разузнавачки извештај, Министерството наведува дека конфликтите на Змискиот Остров продолжуваат и оти Русија во неколку наврати се обидела да го зајакне својот гарнизон кој се наоѓа таму.

– Украина успешно ја гаѓаше руската противвоздушна одбрана и ги снабди бродовите со беспилотни летала Бајрактар. Руските бродови за снабдување имаат минимална заштита во западниот дел на Црното Море, по повлекувањето на руската морнарица на Крим, по загубата на бродот „Москва“, тврди британското Министерство.

Во соопштението се додава дека „доколку Русија ја зајакне својата позиција на Змискиот Остров со стратешка противвоздушна одбрана и крстосувачки ракети за одбрана на брегот, таа би можела да доминира во северозападниот дел на Црно Море“.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме