СДСМ: Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е анти-државна

Од:

Од СДСМ велат дека одлуката на ВМРО ДПМНЕ е антидржавна, и дека ќе се спротивстават на блокадите.

„Неодговорна, штетна и анти-државна е одлуката за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Мицкоски, по нарачка на Никола Груевски, прави се државата да има дополнителни проблеми во време на најголема светска економска и енергетска криза, среќен единствено кога создава блокади.

Сето ова Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават во обид да ја покријат неспособноста на нивните градоначалници, но и криминалот во нивните редови потврден со признанија и ефективни судски пресуди.

Собранието не е пазар туку законодавен дом во којшто се носат закони од интерес на граѓаните. Не може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се пазарат кој закон ќе го блокираат а кој не. Сите закони блокирани од опозицијата се закони од интерес на државата и за добро на граѓаните и тоа е факт.

Одговорни политичари не прават блокади, не уценуваат, не одмагаат, не се ситат кога на народот му е тешко. Туку спротивно на тоа, помагаат, работат, предлагаат, бараат решенија, нудат предлози.

СДСМ има решенија за деструкцијата на Мицкоски. Со сите демократски средства и деловнички можности, СДСМ и парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и деструкциите од ВМРО-ДПМНЕ. Нема да дозволима граѓаните да страдаат заради лични или партиски хирови на Мицкоски.

Парламентарното мнозинство е зголемено, стабилно е и функционално, а парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, во 2024 година“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?