Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Од:

Денеска се промовираше „Итно Копче” програмата на Црвениот крст на Град Скопје, наменета за обезбедување сигурност на постарите лица над 65 години. Оваа новина на Црвениот крст се промовира на Светскиот ден на организацијата и се спроведува во соработка со град Скопје.

-Станува збор за услуга која е нова во регионот, но во дел од европските земји се спроведува со години, затоа го постои искуство од меѓународен тим кој ги обучува тимовите на Црвениот Крст на Град Скопје, кои понатаму ќе работат на терен. Целта е да се обезбеди сигурност на постарите лица над 65 години, со тоа што секогаш кога ќе се најдат во состојба на итност да можат да се јават на тимот на Црвениот крст Скопје, каде обучени лица ќе доаѓаат на терен и прават проценка што треба да се направи, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешната промоција на услугата.

Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје појасни дека оваа услуга може да ја користат лицата над 65 години. Предност ќе имаат лицата кои живеат сами. Во оваа фаза ќе бидат вклучени лица над 65 години, кои се веќе постоечки корисници на услугата „помош и нега во домот“ во рамките на Црвениот крст.

– Лицата ќе имаат Итно копче, уред, аларм, кој секогаш ќе го носат со себе и доколку се најдат во ситуација во која имаат потреба од итност со притискање на копчето алармираат посебен тим кој веднаш ќе излезе на терен и ќе дојде на помош. Во тимот заедно ќе работат бројни волонтери меѓу кои возачи, животоспасувачи, телефонски оператори, психолози, социјални работници, истакна Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он