Градоначалникот на Чаир се откажа од уништување на зеленилото

Од:

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, по незадоволството на жителите на општината да се уништи зеленилото, се откажа од првичниот план.

Тој повлече 10 маркички за градба, а за објектите кои беа планирани да се градат во зеленилото ќе мора да им се најде друго место. Два објекти ќе се градат со оглед дека постапката целосно е завршена и се дадени сите дозволи.

Градоначалникот Изет Меџити нагласи дека со овој потег се покажува капацитет за дебата и да се послуша гласот на народот, иако со откажување од изградбата општината губи 5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска од Чаир: Копаат булевар за диво да се приклучат на водоводна и канализациона мрежа

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчевска: Хаос со дивоградбите во Чаир, правеле зграда каде што е предвидена улица

Ганиу: Чаир не е шаховска фигура во политичките игри на ДУИ

ДУИ: Злото што ја попречува иднината на Чаир ќе биде отстрането

ДУИ: Во последните две години во Чаир се изградени над 150 бесправни објекти