Верешчук: Евакуирани се 50 лица од Азовстал

Од:

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска изјави дека 50 жени, деца и постари лица се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Таа истовремено ја обвини Русија дека постојано го крши локалниот прекин на огнот и додаде дека евакуацијата е исклучително бавна поради тоа.

Во размената со Русија вратени се 41 затвореник.

– Русија предаде 41 затвореник, меѓу кои 28 војници во размената на затвореници со Украина, изјави денеска вицепремиерката Верешчук.

Таа на Телеграм напиша дека и е „особено драго што меѓу оние кои се вратени во Украина е и високиот претставник на Украинската православна црква“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина