Грчкиот Црвен крст ја испрати петтата хуманитарна помош за Украина

Од:

Грчкиот Црвен крст во присуство на министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција Христос Стлијанидис утрово испрати нова, петта по ред хуманитарна помош за Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Камионите на Црвениот крст, што пренесуваат 40 тони хуманитарна помош, односно храна, флаширана вода, антисептици, генератори, санитарен материјал и лекови, утрово заминаа од Атина за украинскиот град Чернивци, каде што ќе бидат пречекани од Црвениот крст на Украина и помошта веднаш ќе им биде распределен на граѓаните.

Црвениот крст на Грција досега испрати 250 тони хуманитарна помош, денешата е петта по ред, а трета во соработка со Министерството за цивилна заштита и климатска криза на Грција.

Министерот Стлијанидис рече дека од почетокот на војната имаат тесна соработка со Црвениот крст за помошта од грчкиот народ да стигне до украинскиот народ.

Истакна дека со одличната 24-часовна работа, припадниците на Црвениот крст „се обидуваат да соберат конкретен материјал што одговара на потребите на украинскиот народ во тешките услови од Одеса до Мариупол, од Харково до Херсон, во обид да им ги направат малку подобри условите во нивното секојдневие“.

Претседателот на Црвениот крст Андониос Авгеринос посочи дека ќе продолжат со исраќање на хуманитарна помош до Украина, сè додека не стигне до украинскиот народ и последниот пакет од грчкиот народ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски