Грифитс: На пат е нов конвој на ОН за евакуација на Азовстал

Од:

Нов хуманитарен конвој на ОН е на пат кон фабриката за челик Азовстал во разурнатиот украински град Мариупол.

Шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс потврди дека сакаат да ги евакуираат цивилите од фабриката за челик.

Во неделата стотина цивили беа евакуирани од Азовстал. Украинците велат дека продолжуваат тешките борби во Азовстал и покрај ветувањето на Русија за тридневен прекин на огнот.

„Конвој на ОН треба да пристигне во Азовстал утре наутро и да ги преземе цивилите кои се уште се во тој пекол и да ги однесе на безбедно“, рече Грифитс на донаторската конференција за Украина денеска во Варшава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина